24фудбал

Како по ноти: Акцијата на Арсенал која импресионираше многумина (ВИДЕО)

Тимот на Унаи Емери стигна до десеттата победа во низа во сите конкуренции, овој пат „настрада“ Лестер кој во одредени моменти од мечот дури и не се обидуваше да се врати во игра по импресивната игра на домаќините.

Англија

Синоќа Арсенал одигра фантастичен фудбал против Лестер на домашен терен, иако тргна со негатива по автоголот на Бељерин, истиот играч потоа се поправи со две асистенции.

Едниот гол на Озил, односно двата на Обамејанг беа доволни за пресврт во Лондон, а особено преубав за око беше голот со кој се постави конечниот исход од 3-1 за домаќините.

Бељерин убаво повлече странично, додаде до Озил кој вешто ја препушти до Лаказет, овој веднаш го проигра Озил кој брзо се ослободи од своите чувари, а неговиот добар преглед на играта веднаш го регистрираше Обамејанг кој веќе беше осамен и не му беше потребно многу за да ја затресе мрежата.