24фудбал

Икарди: Кога ќе пристигнат понуди...

Аргентинецот говореше за гостувањето на неговата екипа на Камп Ноу во рамките на Лигата на шампионите, а за момент се осврна и на шпекулациите кои постојано го „селат“ од Милано.

Лига на Шампиони

Интер има низа од седум победи во низа во сите конкуренции, а последната беше најслатка за фановите на таа екипа, откако со гол во судиското продолжение Икарди донесе победа против големиот ривал Милан.

Икарди во пресрет на утревечерниот дуел кај Барселона на Камп Ноу, во рамките на третото коло од Лигата на шампионите, освен што говореше за предизвикот кои ги чека Нероаѕурите, за момент се осврна и на се почестите шпекулации кои го поврзуваат со трансфер.

Постојат многу шпекулации поврзани со мене, кога понудите ќе пристигнат, ние ќе ги оцениме истите, но, во моментов сум среќен во Интер“ посочи Икарди.

Првата ѕвезда на Каталонците, воедно сонародник на Икарди, Лионел Меси поради повреда ќе отсуствува на мечот со Интер, од една страна Икарди вели дека тоа е штета за мечот, но, од друга страна пак, шанса за Интер.

Штета е тоа што Меси не е во можност да игра, постојано е убаво да се соочите со големи фудбалери а тој е најдобриот на светот“ вели напаѓачот на Нероаѕурите.

Знаеме дека тоа што Меси нема да биде во можност да игра е голема загуба за Барселона, ние можеме да го искористиме тоа, имаме квалитет за такво нешто да постигнеме“ заклучи аргентинскиот напаѓач.