24фудбал

Болт даде два гола и мисли дека е фудбалска ѕвезда, изненади со барањата за плата па е искучен од тренинг

Усеин Болт е исклучен од тренинзите на Централ коуст маринерс откако преговорите за договор влегоа во ќор-сокак по барањата на Јамајканецот за милионска плата.

Останато

Најбрзиот човек на планетата сака да направи фудбалска кариера откако се повлече од атлетиката и со недели е на проба во Австралија во редовите на Централ коуст маринерс.

Тој неодамна даде два гола на пријателски меч и доби понуда да потпише договор. Но разликата помеѓу двете страни е огромна, се говори дека Централ коуст маринерс му понудиле плата од околу 130.000 долари, додека пак Усеин Болт побарал плата од околу 2,1 милион долари.

Централ коуст маринерс не може да си дозволат ваква плата без спонзори, па во моментов преговорите се во ќор-сокак. Клубот исто така одлучи да го исклучи Усеин Болт од тренинзите се додека не се пронајде решение со цел целото внимание да биде насочено кон мечевите од првенството на Австралија.