24фудбал

Мијатовиќ со совети до Реал Мадрид за Лопетеги: Не можеме постојано да бараме жртвено јагне

Поранешниот спортски директор на гигантот кој ја обавуваше таа функција три години (2006/09), има свое мислење за темата Лопетеги, која е доста актуелна во Шпанија по катастрофалните изданија на Реал Мадрид.

Шпанија

Поранешниот напаѓач на Реал Мадрид, Предраг Мијатовиќ го повика клубот да не ни размислува за доделување отказ на Хулен Лопетеги, тврдејќи дека тоа би било грешка во еден ваков момент, повика да се има доверба во тренерот.

За мене, отказ за Лопетеги во моментов би било грешка, не се сомневам дека би било грешка еден таков потег, лигата е најважното нешто и се уште е близу, морате да одржувате доверба во вашиот тренер“ вели Мијатовиќ.

Ние не можеме постојано да бараме жртвено јагне, наместо тоа, треба да бараме солуции бидејќи имаме фудбалери со квалитет кои можат да не извлечат од оваа ситуација и да тргнеме напред“ додаде Србинот.

Реал Мадрид вечерва го пречекува Викторија Плзењ во третото коло од Лигата на шампионите, во Шпанија дел од медиумите тврдат дека евентуален кикс на Кралевите, ќе значи и отказ за Лопетеги.