24фудбал

Недвед: Да се игра против Манчестер јунајтед е нешто посебно, тоа ќе биде фантастичен меч

Чехот погоди на последното гостување на Старата дама на Олд Трафорд, но, тогаш тимот предводен од Алекс Фергусон беше подобар во таа пресметка и славеше со 2-1.

Лига на Шампиони

Потпретседателот на Јувентус, Павел Недвед очекува фантастичен меч вечерва на Олд Трафорд, каде неговиот клуб ќе се соочи со Манчестер јунајтед во рамките на третото коло од групите во Лигата на шампионите.

Бјанконерите ќе ги одмерат силите со тимот на Жозе Мурињо, а со тоа ќе се обидат да продолжат во нивниот 100% учинок во Европа досега.

Секогаш играњето со Манчестер јунајтед е нешто посебно, ова ќе биде фантастичен меч“ најави Чехот.

Недвед погоди на последното гостување на Јувентус на Олд Трафорд, каде Јувентус беше поразен со 2-1 од тимот, тогаш предводен од Алекс Фергусон.