24фудбал

Отказот би му донел „богатство“ на Лопетеги

Реал Мадрид извесно е дека не брза во донесувањето на одлуката, а евентуален отказ за шефот на стручниот штаб би го чинело многу гигантот од Шпанија кој ќе треба добро да го одврзе ќесето во една таква ситуација.

Шпанија

Реал Мадрид го постави Хулен Лопетеги за шеф на стручниот штаб како наследник на Зинедин Зидан на таа позиција, а тоа донесе и отказ за Лопетеги на клупата на Шпанија.

Денес, четири месеци подоцна, Лопетеги се наоѓа пред отказ од гигантот, но, со самото тоа што стратегот има важечки договор до 2021. година со годишна плата од 6 милиони евра, не му дава многу леснотија на клубот туку така едноставно да му врачи отказ.

Доколку Реал Мадрид сака брзо да ги реши дилемите околу Лопетеги, а се реши за отказ, таа евентуална одлука клубот би го чинела цели 18 милиони евра.

Кралевите вечерва на домашен терен го пречекуваат Викторија Плзељ во третото коло од Лигата на шампионите, многумина сметаат дека мечот е да се биде или не за Лопетеги.