24фудбал

Нов пораз за Милан, Бетис славеше на Сан Сиро, Арсенал ја забележа 11-та победа (ВИДЕО)

„Росонерите“ им приредија ново разочарување на своите фанови, вечерва загубија од Бетис во Лига Европа, Арсенал ја продолжи победничката серија со триумф од 0-1 на гостувањето во Лисабон

Лига Европа

По поразот во градското дерби со Интер, Милан одново е на колена. Вечерва Бетис со цел плен си замине од Сан Сиро. Санабрија најави изненадување по половина час игра а Ло Селсо со прекрасен гол од далечина во 55. минута зголеми на 0-2. До крајот на мечот „Росонерите“ само успеаја да намалат преку Кутроне.


Арсенал ја забележа 11-та победа во серија, вечерва „Топчиите“ беа подобри од Спортинг на нашиот Стефан Ристовски. Велбек во 77. минута погоди за 0-1 и ново славје за клубот од Северен Лондон.


Динамо Загреб и Адеми со 1-2  стигнаа до победа на гостувањето кај Трнава и се зацврстија на првото место во Групата Д, додека пак Елмас и Фенербахче одиграа возбудливо реми од 2-2 на гостувањето кај Андерлехт.