24фудбал

Пресметка меѓу навивачите на Херта и полицијата (ВИДЕО)

Немили сцени на натпреварот меѓу Борусија Дортмунд и Херта Берлинг, гостинските фанови имаа дуел со полицијата.

Германија

Борусија Дортмунд не успеа да ја победи Херта, натпреварот заврши 2-2, гостите дадоа гол за израмнување во судиското продолжение од пенал.

Но, резултатот беше во сенка на инцидентот кој се случуваше меѓу навивачите на Херта и полицијата.

Навивачите на Дортмунд, „Хаупштад Мафија“ славеа 15 години од своето постоење, тие употребија пиротехника и еден огромен транспарент. Полицијата им го одзема транспарентот и тука настана хаосот. Според извештаите на германските медиуми, полицијата употребила и солзавец за да ја смири толпата.