24фудбал

Крос по отказот за Лопетеги: Најголемиот пораз...

Германецот го истакна своето разочарување по разделбата со неговиот веќе довчерашен тренер во Реал Мадрид, јасно е дека во соблекувалната на гигантот имаше поделеност по ова прашање, а Крос веќе и потврди на чија страна бил.

Шпанија

Хулен Лопетеги ја заврши својата авантура предводејќи го шпанскиот гигант Реал Мадрид од клупата, а една од ѕвездите на тимот, Тони Крос, смета дека отказот на веќе довчерашниот тренер е голем пораз.

Извесен период се шпекулираше дека на чело со капитенот на екипата, Серхио Рамос, постои група на фудбалери во Реал Мадрид кои силно го поддржуваат Лопетеги, а веќе има и потврда на претходно наведеното од шпанските медиуми, дека еден од нив бил и Крос.

Најголемиот пораз за играчите е кога тренерот треба да си замине. Овој случај е посебен, бидејќи тој е одличен тренер и одлична особа. Ти благодарам Хулен!“ напиша германскиот репрезентативец на социјалните мрежи.

Реал Мадрид му врачи отказ на Лопетеги по само 14 натпревари под негово водство, а чашата се прели по дебаклот на Камп Ноу, од големиот ривал Барселона со 5-1 во една од низата очајни изданија на Кралевите кои заостануваат седум бода зад Каталонците на табелата во Примера.

Привремено решение за шеф на стручниот штаб на Реал Мадрид е екс фудбалерот на таа екипа, Сантијаго Солари, кој доаѓа од „Б“ тимот на Реал Мадрид.