24фудбал

Матуиди: По мечот со Манчестер јунајтед сите бевме мртви уморни, а Роналдо...

Матуиди го опишува Кристијано Роналдо, тој исто како и речиси сите негови соиграчи од Јувентус е импресиониран од работата и подготвеноста на Португалецот.

Италија

Познато е дека Кристијано Роналдо е голем работник, фанатик кој тренира најмногу од сите. Иако има 33 години, неговата физичка форма е фантастична. Еден од импресионираните е и Матуиди.

„Сите бевме мртви уморни по мечот против Манчестер јунајтед и денот после натпреварот, сите освен Кристијано“, вели Матуиди.

„Тој работи како луд уште од првиот ден откако дојде. Тренира повеќе од било кој друг и ми рече дека треба да го прави тоа за да биде најдобар“.

„Затоа на 33 години е пример за сите нас и ни дава дополнителен мотив. Неговото влијание нема граници, работи како луд во текот на целата недела“.

„Клучен е и на теренот во текот на сите 90 минути. Може да направи работи кои другите не можат со цел да ја унапреди играта на тимот“.

„Сите се чувствуваме многу посилни покрај него. Тој е вистински лидер“.