24фудбал

Родригез со мислите е на излезна врата од Баерн Минхен

Во периодот кој претстои, челниците на германскиот првак ќе имаат средба со претставниците на Колумбиецот на која ќе се реши што понатаму со неговата иднина во клубот, извесно е дека тој е на излезна врата од Бундеслигашот.

Германија

Хамес Родригез сериозно ја разгледува опцијата да го напушти Баерн Минхен откако германскиот првак нема желба да ја активира опцијата целосно да го откупи неговиот договор со Реал Мадрид, пренесуваат одредени медиуми.

Билд пишува дека Хамес би можел да го напушти Минхен во двата претстојни трансфер периоди, доколку тоа не се случи во јануари, извесно е дека ќе се случи идното лето, а како причина за тоа се наведува тоа што плејмејкерот не е среќен во редовите на Баварците.

Постои интерес за Хамес, и тоа од Јувентус и некои клубови во Англија, а според информациите, челниците на Баерн во периодот кој претстои ќе имаат средба со неговите претставници за да се одлучи што понатаму.

Хамес ја игра втората сезона од својата позајмица во Бундеслигашот, а тој не е среќен најмногу поради фактот што минува многу мал период на терените, стартувајќи на само четири меча од лигата во новата сезона под водство на Нико Ковач.

Договорот на 27 годишниот Колумбиец со Реал Мадрид има важност до 2021. година, позајмицата Баерн Минхен го чинеше 10 милиони евра, но, извесно е дека германската екипа нема да ја активира опцијата со 35 милиони евра да го откупи неговиот договор до крајот на сезоната.