24фудбал

Шмајхел ‘видел многу работи’ откако хеликоптерот на газдата на Лестер се срушил

Голманот на поранешниот шампион на Премиерлигата бил единствениот фудбалер од таа екипа кој останал на стадионот кога хеликоптерот на Вичаи се срушил веднаш до Кинг Пауер Арената по мечот со Вест Хем.

Англија

Каспер Шмајхел бил во исклучително тешка ситуација по тоа што го видел со свои очи во трагичната ноќ за Лестер падот на хеликоптерот на газдата на клубот веднаш до Кинг Пауер Арената, а ова за јавноста го откри тренерот на екипата, Клод Пуел.

Данскиот голман бил единствениот член од составот на Лестер кој останал на стадионот кога хеликоптерот се сруши, откако животот го загубија пет лица кои беа во него, меѓу кои, и газдата на клубот.

Запрашан да ја потврди информацијата која ја објавија дел од медиумите на Островот, дека Шмајхел веднаш дотрчал за да ја увиди ситуацијата, Пуел рече: ‘Не би сакал да давам детали за тоа.

Само поради Каспер, тој ја преживеа таа ситуација и виде многу работи од истата, секако, тој, како и сите нас сме доста вознемирени од тој настан, сите бевме многу тажни“ издвои Пуел кој потоа додаде како дошол до информацијата за падот на хеликоптерот.

Јас бев во мојата канцеларија во стадионот, заедно со моето семејство, пријателите и стручниот штаб, Мајк (тренерот на голманите) дојде и ми ги соопшти информациите, не можевме да разбереме што се случи“ вели тој.

Со стручниот штаб и сите околу мене останавме без зборови, останавме одреден период без збор да проговориме, имаше молк во канцеларијата, потоа го видов Каспер, мислам дека тој беше единствениот кој остана по натпреварот, ние знаеме што тој виде и тој го сподели тоа со нас, беше тешко, навистина многу тешко, лош момент“ заклучи Пуел.