24фудбал

Драма во Удине, Сусо се двоумеше па капитенот Ромањоли му покажа како се шутира (ВИДЕО)

Милан стигна до минимална победа на гостувањето кај Удинезе, со голот на Ромањоли во 97. минута „Росонерите“ забележаа нови три бода.

Италија

Капитенот Ромањоли одново е херојот на Милан. Откако во средата донесе победа во последните мигови против Џенова, вечерва истото го стори и против Удинезе.

На „Дачија“ стадионот во Удине се чинеше дека ќе нема погодоци, но домаќините загубија една топка на средината од теренот, Милан тргна во контра, Сусо се двоумеше и не шутираше па Ромањоли капитенски превзеде одговорност и погоди во аголот во 97. минута за големо славје.

За драмата да биде поголема, судијата на сугестија на својот помошник покажа офсајд па на помош беше повикан ВАР кој покажа дека голот сепак е регуларен па играчите на Милан продолжија да се радуваат.

Со оваа победа, „Росонерите“ исто така ставија крај и на црната серија од 16 меча на кои не успеаја да ја сочуваат сопствената мрежа.