24фудбал

„Кикер“ откри кои четири ѕвезди на Баерн Минхен сакаат Ковач да си оди!

На Нико Ковач не му е лесно, во тимот има побуна од неколку фудбалери против него, а нивните имиња се големи.

Германија

Баерн Минхен во саботата одигра само 1-1 против Фрајбург на Алијанц Арената, па денеска повторно се пишува за незадоволство во германскиот шампион.

„Кикер“ пишува дека Аријан Робер, Томас Милер, Франк Рибери и Матс Хумелс ја предводат побуната против Нико Ковач и посакуваат тој брзо да замине од клубот.

По серијата лоши резултати, раководството на Баерн Минхен излезе на прес конференција и му даде поддршка на тренерот. Потоа се чинеше дека работите се вратени во нормала, но по ремито со Фрајбург повторно се пишува за незадоволство во тимот.

Ѕвездената четворка, Робен, Милер, Рибери и Хумелс му замеруваат на Ковач за неколку работи. Пред се сметаат дека тој нема доволно искуство на највисоко ниво потребно за да го носи тимот до кровот на Европа. Тие не се задоволни од тактичката работа на тренерот, Ковач никогаш немал спремено план Б за случувањата на теренот доколку тие не се одвиваат според очекувањата за Баварците. А тоа оваа сезона се случува често.

Но веројатно би ги занемариле овие работи доколку имаат поголема минутажа од Ковач. Незадоволниот Робен одигра само четири цели натпревари, додека дури осум пати беше изваден од игра. Милер и Рибери исто така многу често ја греат клупата за резерви, додека Хумелс од порано има некои несогласувања со тренерот на Баерн.

Сето тоа допринесува за лоша атмосфера во тимот, а „Кикер“ тврди дека четворката фудбалери не планира да се откаже од желбата Ковач да добие отказ и тие ќе работат на тоа се додека не се случи тренерска смена.