24фудбал

Станковски го објави списокот за квалификацискиот турнир во Чешка

Селекторот на македонската репрезентација до 19 години, Горан Станковски го објави списокотна фудбалери на кои ќе смета за квалификацискиот турнир во Чешка.

Македонија

Македонската репрезентација до 19 години од 14. до 20. ноември во Кромериц, Чешка ќе го одигра квалификацискиот турнир за пласман во Елитна фаза на УЕФА. Нашата селекција е во група со домаќинот Чешка, Хрватска и Луксембург.

„Верувам во фудбалерите и убеден сум дека ќе дадат сѐ од себе да се бориме за пласман во следната фаза квалификации. Имавме доволно време да се запознаеме и да се подготвиме за предизвикот кој го носи овој турнир. Одигравме два контролни натпревари против исклучително силни противници (Полска и Англија) и верувам дека тоа искуство ќе ни биде од корист за натпреварите кои ни следуваат. Наша цел е пласман на едно од првите две места, иако како главни фаворити и според квалитетот и според рејтингот се издвојуваат Чешка и Хрватска. Имаме одлични поединци во тимот, но колективот мора да биде на прво место доколку сакаме да оствариме позитивни резултати. Ќе настојуваме да го постигнеме токму тоа, екипата да биде сплотена и да верува во пласман во следната фаза, изјави селекторот на Македонија до 19 години, Горан Станковски. 

Првиот натпревар Македонија ќе го одигра на 14. ноември против Хрватска, на 17. ноември играме против Чешка, а последниот дуел е со Луксембург на 20. ноември. Место во Елитната фаза квалификации за Европско првенство обезбедуваат двете најдобри репрезентации од секоја група.

Селекторот на Македонија до 19 години, Горан Станковски за турнирот во чешки Кромериц ќе смета на следните фудбалери:

Голмани: Бојан Тимевски (Саса Каменица), Стефан Јакимовски (Њу Старс), Методија Велковски (Вардар); 

Одбрана:  Зоран Ивановски (Академија Пандев), Христијан Димов (Интер Запрешиќ, Хрватска), Филип АНТОВСКИ (Вардар), Џејми Перчевски (Фортуна Дизелдорф, Германија), Стефан Симоновски (Генц Калемлер), СтефанНаумчески (Вардар); 

Среден ред: Бесник Ферати (Партизани, Албанија), Анес Османоски (Унтерахинг, Германија), Томче Гроздановски (Тренчин, Словачка), Али Адем (Вардар), Енис Фазлагиќ (Жилина, Словачка), Алекс Талески (Вардар); 

Напад: Јакуп Бериша (Вардар), Марио Наумоски (Победа), Сухел Муареми (Шкупи), Марко Ѓоргиевски (Борец), Бојан Колевски (Борец), Дарко Чурлинов (Келн, Германија)