24фудбал

Алба ограбен додека неговата фамилија била дома

Дефанзивецот на Жорди Алби вчера бил ограбен откако заминал во Милано на мечот со Интер, неговата фамилија била дома, но и покрај тоа крадците си ја завршиле работата.

Шпанија

Според шпанските медиуми, Жорди Алба синоќа бил ограбен откако заминал во Милано каде што вечерва со Барселона му гостуваат на Интер.

Неколку крадци успеале да влезат во неговиот дом отворајќи го прозорот од горниот спрат, го испразниле фамилијарниот сеф и земале работи и од другите соби кои биле на тоа ниво.

Фамилијата на Алба била во куќата, но на приземјето и не почувствувале дека некој друг има во нивната куќа.

Нема информација што точно е ограбено од куќата на Алба, но полицијата трага по крадците.