24фудбал

Барса и Реал добија совет од Спалети за Шкриниар: Доколку јас сум на ваше место...

Словакот одигра одличен меч синоќа во Милано и беше столбот во одбраната на калчолигашот во дуелот против Каталонците кои заврши со реми, резултат кој му дава одлична можност на италијанскиот тим за место во следната рунда.

Италија

Интер синоќа обезбеди реми од дуелот против Барселона во четвртото коло од Лигата на шампионите, за Нероаѕурите ремито од 1-1 е доста добар резултат ако се земе во предвид дека најнапред губеа, а израмнувањето стигна со голот на Икарди во 87. минута.

Словачкиот дефанзивец Милан Шкриниар беше столбот во одбраната на домаќините играјќи еден доста солиден меч, а неговиот тренер од тимот на Интер, Лучијано Спалети им порача на заинтересираните клубови за дефанзивецот, Барселона и Реал Мадрид, дека, доколку го посакуваат, ќе мораат да издвојат повеќе од 120 милиони евра.

Доколку се работи за Барселона, тие ќе мораат да платат 100 милиони евра, а јас да сум на нивно место додатно би доплатил уште 20 милиони евра бакшиш. Доколку сум на местото на Реал Мадрид, ќе ги земам во предвид тие 100 милиони евра, со додатни 40 милиони евра бакшиш, ете толку го вреднувам Шкриниар“ рече Спалети.