24фудбал

Бенатиа до Погба: Врати се дома (ФОТО)

Французинот од редовите на Манчестер јунајтед објави фотографија од неговото пристигнување во Торино, а следеше и интересна „понуда“ од дефанзивецот на Јувентус во неговиот коментар.

Италија

Пол Погба вечерва ќе му се спротистави на својот поранешен клуб од каде премина во редовите на Манчестер јунајтед, Французинот ќе игра против Јувентус, каде очигледно дека помеѓу фудбалерите на италијанскиот првак постои голема желба тој да се врати во Торино.

Емотивно враќање во Торино“ напиша Погба на својата фотографија која ја објави откако пристигна во Италија, а веднаш потоа следеше и коментар од Медхи Бенатиа, дефанзивецот на Јувентус кој му испрати јасна порака.


Врати се дома, брате“ напиша тој алудирајќи на големите шпекулации во последниов период кои го поврзуваат Французинот со враќање во редовите на Старата Дама.