24фудбал

Стерлинг му се извини на судијата за пеналот против Шахтар (ВИДЕО)

Манчестер Сити доби непостоечки пенал на натпреварот против Шахтар, Рахим Стерлинг сам се сопна од тревата, а судијата покажа на белата точка, фудбалерот сега се извинува.

Лига на Шампиони

Манчестер Сити го победи Шахтар со 6-0, а Виктор Кашаи досуди два пенали за домаќините, од кои тој врз Стерлинг беше голема грешка.

Фудбалерот на Манчестер Сити му се извини на судијата и на Шахтар но вели дека не било намерно.

„Сакав да ја поткопам топката и не знам што се случи следно. Завршив на подот“, изјави Стерлинг.

„Не почувствував контакт, тоа беше моја грешка. Го удрив подот и паднав. Му се извинувам на судијата и на Шахтар“.