24фудбал

Ангеловски го објави списокот за натпреварите со Лихтенштајн и Гибралтар

Селекторот на македонската репрезентација, Игор Ангеловски го објави списокот на фудбалери за натпреварите против Лихтенштајн и Гибралтар од Лигата на нации.

Македонија

Игор Ангеловски објави список од 21 фудбалери за престојните квалификациски натпревари. На него има голманска промена, на местото од Давид Митов Нилсон повикан е Дени Илиев од Арсенал. Повик доби и напаѓачот на Сараево, Крсте Велковски.

Во составот не е повредениот Стефан Ристовски, а за мечот против Лихтенштајн нема да бидат Езџан Алиоски и Елиф Елмас кои се суспендирани.

Македонија на 16. ноември гостува кај Лихтенштајн, а на 19. го пречекува Гибралтар.