24фудбал

Сколс: Мурињо не покажа класа, но таков е тој

Легендата на Манчестер јунајтед, Пол Сколс не е импресиониран од гестот на Жозе Мурињо кој ги испровоцира фановите на Јувентус.

Англија

Жозе Мурињо во текот на целиот натпревар беше навредуван од фановите на Јувентус, а откако мечот заврши со победа на Манчестер јунајтед тој ја стави раката на увото и ги испровоцира домашните фанови.

Полс Сколс смета дека кога се победува треба да се покаже класа, и не се согласува со гестот на Мурињо, но вели дека Португалецот е едноставно таков.

„Кога ќе победите треба да покажете малку класа“, вели Сколс.

„Мислам дека немаше никаква потреба од тоа што го направи. Одите, ги поздравувавте гостинските фанови, се ракувате со тренерот“.

„Тоа што тој го направи е непотребно, но едноставно тој е таков“.