24фудбал

Фред имал понуда и од Манчестер Сити, Бразилецот ја откри причината зошто се одлучил за Црвените ѓаволи

25 годишниот офанзивец изминатото лето потпиша за Премиерлигашот по трансферот кој чинеше 50 милиони евра, онолку колку што доби Шахтер како обештетување, тој вели дека го одбрал јунајтед во однос на Сити поради една причина.

Англија

Фудбалерот од средниот ред на Манчестер јунајтед, Фред откри дека се одлучил за тимот од Олд Трафорд, иако имал и понуда од неговиот ривал Манчестер Сити, но, Жозе Мурињо бил клучен во неговата одлука.

Добив понуда од Манчестер Сити, дури и се консултирав со моите сонародници кои играат за таа екипа, тие се обидоа да ме убедат да им се приклучам, но, на крајот до тоа не дојде, потоа дојде летото, а покрај многуте понуди кои ги имав, вклучувајќи ја и онаа на Манчестер јунајтед, брзо одлучив дека тоа е вистинскиот чекор за мене, во мојата кариера“ издвои Фред.

Мурињо е голем тренер, професионалец во секоја смисла на зборот, секој фудбалер сака да го има за тренер и да работи со еден таков победник, учам многу работи од него, тоа е сигурно. Жозе беше клучен во мојата одлука да се приклучам на Манчестер јунајтед и јас сум благодарен за неговиот интерес“ заклучи Бразилецот.

Фред на седум настапи во дебитантската сезона во Премиерлигата постигна и еден гол, во ремито против Вулверхемптон од 1-1 на Олд Трафорд.