24фудбал

Сандро го посрамоти Лингард, а Вокер го истрола својот пријател (ВИДЕО)

Лингард ги одигра завршните 20 минути на мечот во Торино, во игра влезе при водство на Јувентус, а неговиот тим на крајот славеше со 1-2, но, во тие минути кои ги доби од Мурињо успеа да се „прослави“на социјалните мрежи.

Лига на Шампиони

Кајли Вокер се потсмеваше со својот добар пријател Џеси Лингард на социјалните мрежи по драматичната победа на Манчестер јунајтед во Торино против Јувентус во Лигата на шампионите.

Дефанзивецот на Манчестер Сити на социјалните мрежи објави видео од потегот на Сандро кога го надмудри Лингард, а на истиот напиша: „Никогаш не застарува ова, нели? Џеси Лингард престани да ми даваш вакви содржини пријател“.

На видеото кое трае 15 секунди, откако Сандро умешно ја протна топката низ нозете на Лингард, следеше аплауз и веднаш потоа „смрзнување“ на сликата и доближување кон лицето на Англичанецот, сево ова со песната „Звукот на тишината“.