24фудбал

Обидот на Елмас против Андерлехт кој донесе воздишки кај навивачите на Фенербахче (ВИДЕО)

Малку недостасуваше Македонецот да ја донесе толку посакуваната почетна предност за турскиот гигант, голманот на белгиската екипа со крајни напори го спасуваше својот гол.

Македонија

Фенербахче игра доста одлучувачки меч против Андерлехт во четвртото коло од групата „Д“ од Лига Европа на домашен терен, евентуална победа за турскиот гигант ќе значи многу, а во почетниот состав се најде и нашиот Елиф Елмас.

Македонецот веќе е еден од клучните играчи на Фенербахче, а можеше да се прослави со отворање на резултатот на мечот во Истанбул откако биеше прецизно по земја кон голот на белгиската екипа, но францускиот голман Дидиљон со крајни напори успеа да спречи гол на нашиот репрезентативец кој донесе само воздишки на трибините.

Според моменталниот резултат (2-0, 80. минута), Фенербахче има седум бода, два помалку од лидерот во оваа конкуренција Динамо Загреб, односно пет бода предност во однос на третопласираната Спартак Трнава. Андерлехт е последен со еден бода, вклучувајќи го и моменталниот резултат во Истанбул.