24фудбал

Хамшик: Мечот со Црвена звезда ќе биде одлучувачки

Сензацијата која ја приреди Црвена звезда против европскиот вицепрвак ги отвори сите опции во групата каде се уште Наполи и ПСЖ, членот на калчолигашот смета дека токму пресметката со српскиот шампион ќе биде одлучна за неговата екипа.

Лига на Шампиони

Доста неизвесно е во групата „Ц“ од Лигата на шампионите по четири одиграни кола, Црвена звезда го шокираше европскиот вицепрвак Ливерпул, совладувајќи го со 2-0 пред своја публика во Белград, а ремито помеѓу ПСЖ и Наполи од 2-2 понуди интересна завршница во оваа конкуренција.

Во петтото, претпоследно коло се среќаваат ПСЖ – Ливерпул, односно Наполи – Црвена звезда, а токму дуелот против српскиот првак, според членот на италијанскиот првак, Марек Хамшик е одлучувачки.

Се уште сее отворено, само два бода разлика има во однос на лидерот и последната екипа на табелата, наредниот меч на домашен терен против Црвена звезда ќе биде одлучувачки“ вели Словакот.

Наполи и Ливерпул се први во оваа група со по шест освоени бода, следи ПСЖ со пет, односно Црвена звезда со четири бода. Во последното коло двојките се Ливерпул – Наполи, односно Црвена звезда – ПСЖ.