24фудбал

Шкриниар за проценката на Спалети: Не знам дали се шегувал, или...

Словакот е еден од најбараните дефанзивци во фудбалска Европа, неговиот тренер во Интер претходно даде проценка за него на трансфер пазарот, а Шкриниар ја коментираше истата.

Италија

Шефот на стручниот штаб на Интер, Лучијано Спалети направи проценка за еден од најбараните дефанзивци на трансфер пазарот, Милан Шкриниар, за кого процени дека вреди близу 140 милиони евра.

Спалети воедно потврди дека постојат преговори помеѓу Интер и Словакот за нов договор, а неговата изјава за проценката на вредноста на Шкриниар беше во однос на интересот на Барселона и Реал Мадрид, за кои коментираше колку би издвоил тој, да е на нивно место.

Словакот остана доследен на тоа што претходно го коментираше, а тоа е дека е посветен максимално само на работа и давање максимум од себе на терените, за проценката на Спалети тој не беше сигурен дали неговиот тренер се шегувал, или не.

Не знам дали се шегувал, или не! Како што кажав и претходно, воопшто не размислувам за мојата вредност на трансфер пазарот, само сум фокусиран на работа и да дадам максимум од себе на натпреварите“ рече Шкриниар.