24фудбал

Жиру погоди за прв пат по мај месец, Челси уште сега обезбеди нок-аут фаза (ВИДЕО)

Оливие Жиру постигна гол за Челси по 794 минути пост и донесе триумф од 0-1 на гостувањето кај БАТЕ Борисов со кој „Сините“ си обезбедија шеснаесетфинале во Лига Европа.

Лига Европа

Избраниците на Сари можеби не импресионираа но го задржаа 100% учинок во Лига Европа. Вечерва Челси славеше на гостувањето кај БАТЕ Борисов.

Оливие Жиру го постигна својот прв гол по мај месец и донесе триумф ов 0-1 со кој „Сините“ си обезбедија настап во нок-аут фаазта на две кола пред крајот.

Французинот на почетокот од вториот дел одлично се снајде по една нафрлена топка, погоди со глава и го прекина постот кој траеше 794 минути.

Во шеснаесетфиналето ќе се најдат и Лацио и Ајнтрахт Франкфурт кои европска пролет си го обезбедија со триумфи од 2-1 над Марсеј, односно 2-3 на гостувањето кај Аполон.

МОЛ Види на нашиот Бобан Николов драстично си ги зголеми шансите за европска пролет. Откако во минатото коло славеа среде Солун и ја освоиај „Тумба“, вечерва пред своите навивачи ја добија новата пресметка со ПАОК.

Миланов во 50. минута од мечот го постигна единствениот погодок вреден три бода за МОЛ Види.