24фудбал

Дибала тврди: Не го навредив Мурињо, му реков дека гестикулацијата му беше непотребна (ВИДЕО)

Аргентинскиот офанзивец од редовите на Јувентус му упати неколку зборови на Мурињо по крајот на мечот во Торино, многумина сметаа дека истите се „сочни“, но, тој негира, вели дека во ниту еден момент не го навредил.

Лига на Шампиони

Можеби ретко кој очекуваше, но се случи, Манчестер јунајтед слатко му се одмазди на Јувентус за претходниот пораз пред своја публика во Лигата на шампионите, па славеше на гостувањето во Торино.

По мечот Жозе Мурињо како едвај да чекаше да им се „реваншира“ на навивачите на Старата Дама, па упати гестикулации кон нив, а на тоа веднаш реагираа Бонучи и Дибала, кои имаа што да му кажат на Португалецот.

Дибала тврди дека не упатил навредливи зборови до Мурињо во тие моменти, туку имал само забелешка на таквата гестикулација на тренерот на Манчестер јунајтед.

Само му реков дека немаше никаква потреба за да направи таква гестикулација, немаше потреба од тензија, некогаш ќе добиете навреди, тоа е лошо, но да креирате повеќе тензии од тоа што веќе има... Само му реков дека нема потреба од такво нешто, не го навредив во ниту една прилика“ рече Аргентинецот.

На Олд Трафорд фановите на Јувентус имаа навредливи пораки од трибините кон Мурињо, познато е ривалството помеѓу обете страни, а португалскиот стратег им гестикулираше покажувајќи им три прсти, мислејќи на големиот успех со Интер во периодот кога го предводеше тој тим.