24фудбал

Невремето во Аргентина го одложи првиот меч меѓу Бока Јуниорс и Ривер Плата (ФОТО)

Првиот финален натпревар од Копа Либертадорес меѓу најголемите ривали Бока Јуниорс и Ривер Плата нема да се одигра денеска поради силното невреме кое го зафати Буенос Аирес.

Јужна Америка

Силниот дожд кој во текот на целиот ден врне во Буенос Аирес е причина поради која нема да се игра денеска Суперкласикото.

Теренот на Бомбонера е поплавен и нема услови за игра на натпреварот.

Тој е презакажан за утре во 20 часот по наше време доколку има услови за игра.