24фудбал

Драма во Дортмунд, поништен гол на Левандовски во 94. минута, Борусија ги однесе трите бода (ВИДЕО)

Големото дерби на „Сигнал Идуна Парк“ заврши со победа на домаќините по голем пресврт во вториот дел, „Милионерите“ го совладаа Баерн Минхен со 3-2.

Германија

Популарното „Дер Класикер“ ги оправда очекувањата, Дортмунд и Баерн приредоа фантастичен меч со возбуда до последниот свиреж.

Роберт Левандовски покажа едка обожава да ја „полни“ мрежата на својот поранешен тим и донесе водство во 26. минута од мечот. На асистенција на Гнабри, одлично биеше со глава за 0-1.

На стартот од вториот дел, домаќините изедначија на 1-1. Ројс погоди од белата точка и најави вузбудлив продолжеток од мечот. Радоста на домаќините сепак кратко траеше, Левандовски во 52. минута го врати Баерн во предност.

„Милионерите“ сепак не се откажаа и Ројс погоди за 2-2 во 67. минута од мечот. Потоа следеше ерупција на „жолтиот ѕид“ откако Алкасер реализираше за водство од 3-2 во 73. минута.

Завршните минути донесоа голема драма. Левандовски по трет пат го матираше Бурки за 3-3, но голот му беше поништен поради офасајд, па Борусија ја однесе победата и трите бода со кои направи +7 во однос на лутиот ривал.