24фудбал

Солари си ја заврши работата со четири од четири, сега на потег е Перез (ВИДЕО)

Реал Мадрид триумфираше на гостувањето кај Селта со 2-4 и ја забележа четвртата победа под водство на Сантијаго Солари, сега Флорентино Перез треба да одлучи дали да го задржи стратегот до крајот на сезоната.

Шпанија

„Кралевите“ со цел плен си заминаа од незгодното гостување на „Балаидос“, вечерва Реал со 2-4 ја доби пресметката со Селта.

Сантијаго Солари, кој е назначен за тренер на привремена основа, си ја заврши добро задачата со четири победи на исто толку натпревари па сега Флорентино Перез до понеделник треба да одлучи дали ќе му укаже шанса на тренерот до крајот на сезоната.

Бензема во 23. минута донесе водство од 0-1, а по ударот на Французинот во 56. минута, Кабрал си постигна автогол за 0-2. Маљо намали на 1-2 во 61. минута и најави возбудлива завршница.

Сепак, Рамос од пенал во 83. минута ги реши сите дилеми, а Себаљос во првата минута од судиското продолжение погодои за 1-4. Пред последниот свиреж на судијата, Мендез ги постави конечните 2-4.