24фудбал

Пике и Суарез имаа трето полувреме по шокот од Бетис: Не се за*бавај со мене!

Доста фрустрирачки беше поразот пред своја публика за ѕвездите на Барса изминатиов викенд, а камерите регистрираа и расправија помеѓу Пике и Суарез по последниот судиски свиреж.

Шпанија

Барселона викендов го забележа вториот пораз во новата сезона од Примера, Каталонците на домашен терен загубија со 3-4 од незгодниот Бетис, а претходно, тимот на Валверде првиот пораз во шпанскиот шампионат го забележа на гостувањето кај Легањес со 2-1.

Луис Суарез и Џерард Пике ги одиграа сите 90 минути од пресметката на Камп Ноу, а тие имаа и „трето полувреме“, во кое уругвајскиот напаѓач веројатно налутен од тоа што Пике не му додал во некоја ситуација кога можел, веднаш му забележал за таа ситуација, но, дефанзивецот му возврати на тоа.

Сега ќе ме обвинуваш за еден пас, ти мора да се шегуваш со мене, не се за*бавај со мене“ му порача Пике на Суарез по последниот судиски свиреж на Камп Ноу а камерите ја регистрираа таа ситуација.