24фудбал

Фелаини се ишиша, другите фудбалери си играат мајтап со него (ФОТО)

Играчот од средниот ред на Манчестер јунајтед, Маруан Фелаини реши да го смени имиџот, повеќе ја нема неговата препознатлива афро фризура.

Англија

Белгискиот фудбалер во текот на целата негова досегашна кариера беше синоним за човек со голема афро фризура, но тоа веќе не е така.


Фелаини преку својот инстаграм профил го објави новиот имиџ, а под него останатите фудбалери коментираа: „Неееееееееее“, напиша неговиот соиграч Ерик Баи. Капитенот на Сити, Винсент Компани пиша: „Фотошоп е ова, не може да биде вистина!!“.

Фелаини му е корисен на Мурињо кога ќе го стави од игра во финишот од мечот. А кога е стартер неговиот ефект не е така моќен. Тоа го призна и Португалецот кој по поразот од Сити рече дека му фалел тој ефект на Фелаини во финишот, бидејќи морал да го игра како стартер поради повредата на Пол Погба.