24фудбал

Проблеми за Баерн Минхен

Еден од најдобрите поединци во екипата се здоби со повреда за време на вчерашниот тренинг, го очекува пауза во еден не баш добредојден период за Баерн Минхен.

Германија

Баерн Минхен нема да може да смета на еден од своите најдобри поединци во тимот, Хамес Родригез, кој се здоби со повреда за време на вчерашниот тренинг на германскиот првак.

Баварците се во мини резултатска криза по назначувањето на Нико Ковач на кормилото на таа екипа, а ова секако ќе биде додатен проблем, од германската екипа објавија дека тој ќе биде вон комбинација за настап неколку седмици.

Колумбиецот имаше осум настапи во Бундеслигата оваа сезона, три пати беше стрелец, а ова за него е втора сезона во Минхен каде настапува како позајмен од редовите на Реал Мадрид, останува дилемата за тоа дали германскиот тим ќе ја активира опцијата целосно да му го откупи договорот.

Неколку медиуми веќе објавија дека за услугите на 27 годишниот Родригез интерес пријавил Јувентус, а веќе извесен период се шпекулира дека тој не е задоволен под кормилото на хрватскиот стратег.