24фудбал

Арон Ремзи како слободен играч се сели во поголем клуб од Арсенал

Арсенал одлучи да не го продолжи договорот со Арон Ремзи, па тој следното лето како слободен играч ќе ја смени средината, велшкиот фудбалер ја напушта Премиерлигата.

Англија

Според „Индепендент“, Баерн Минхен ја добил трката по потписот на Ремзи и тоа ќе биде неговиот следен клуб.

Откако стана јасно дека Арсенал и Ремзи нема да ја продолжат соработката, неколку големи клубови пројавија интерес за Велшанецот. Меѓу нив имаше и Премиерлигаши како Челси и Арсенал, но и клубови надвор од Англија.

На Баерн Минхен не му оди оваа сезона, под водство на Ковач тие се петто место во моментов со седум бода помалку од Борусија Дортмунд, па клубот веќе почнува да работи на нови засилувања.

Поради фактот што Ремзи од лето е слободен играч, за негов ангажман е потребна брза реакција, англискиот весник верува дека договорот меѓу Баерн Минхен и Ремзи е веќе завршена работа, а трансферот ќе биде комплетиран по крајот на сезоната.