24фудбал

Хамес не е во плановите на Баерн, Ковач ја преферира српската ѕвезда од Ајнтрахт

Одредени германски медиуми пишуваат дека Баерн Минхен нема намера да издвои 42 милиони евра за да го откупи договорот на Хамес, наместо тоа, преферира нешто друго, хрватскиот стратег сака да си го донесе својот „пулен“ од претходниот клуб со кого имаше одлична соработка.

Германија

Според неофицијалните информации кои ги пренесе Kicker, се вели дека екипата на Баерн Минхен нема да ја искористи опцијата за целосно да го откупи договорот на Хамес Родригез од Реал Мадрид, наместо тоа, германскиот шампион има други планови.

Се шпекулира дека Баерн Минхен преферира да тргне во обиди за да дојде до потписот на Лука Јовиќ, ѕвездата на Ајнтрахт Франкфурт кој имаше одлична соработка со Нико Ковач, хрватскиот стратег кој токму од Ајнтрахт Франкфурт се пресели на клупата на германскиот гигант.

Српскиот напаѓач постигна 12 погодоци во 15 настапи оваа сезона во сите конкуренции, во моментов со девет погодоци е прв на листата на стрелците во Бундеслигата.