24фудбал

Сусо поласкан од интересот на Реал Мадрид

Одредени медиуми објавија дека шпанскиот гигант пријавил интерес за офанзивецот на калчолигашот, тој не крие дека е поласкан од сево ова на кое додава дека е горд во една таква ситуација.

Италија

Офанзивецот на Милан, Сусо вели дека е поласкан од интересот кој Реал Мадрид го пријавил за неговите услуги, а тој додава дека враќање во Шпанија би било нешто преубаво’, но, тој потенцираше дека е среќен во клубот каде игра во моментов.

Да ги имате најдобрите екипи во светот како заинтересирани за вас е навистина нешто посебно, поласкан сум од тоа“ рече Сусо за Radio Marca.

Кога ќе слушнете дека екипа како Реал Мадрид е заинтересирана за вас, тогаш, мора да сте горд во една таква ситуација, враќање во Шпанија би било навистина нешто преубаво, но, во моментов сум во земја со слична култура како шпанската, среќен сум тука во моментов“ додаде Шпанецот.

24 годишниот Шпанец има важечки договор со тимот од Милано до 2022. година, има интерес за неговите услуги откако доби убава можност за докажување во калчолигашот.