24фудбал

Облак сака да си замине од Атлетико Мадрид?

Шпекулациите велат дека Словенецот ќе ги разгледа сите опции кои би му биле на маса уште во јануарскиот преоден рок, наводно не добил нова понуда од клубот за нов договор со подобри финансиски услови.

Шпанија

Словенечкиот чувар од мрежата на голот на Атлетико Мадрид, Јан Облак, не е среќен во редовите на шпанскиот прволигаш, а воедно е отворен да ги разгледа сите понуди до негова адреса за да си замине од тој клуб, пишува Marca.

Актуелниот важечки договор на Облак со Атлетико има важност до 2021. година, а се шпекулира дека тој уште во јануарскиот преоден рок би можел да си замине од Мадрид, од тоа што се наведува во однос на оваа тема, е тоа што наводно клубот се уште нема доставено нова понуда до голманот за продолжување на соработката со подобри финансисли услови.

Во договорот на Облак има и откупна клаузула во висина од 100 милиони евра, што отвора можност за добра најава за можен светски рекорд по трансфер на еден голман.