24фудбал

Донарума: Секогаш играм против Роналдо на Плејстејшн

Италијанскиот голман вели дека е горд со тоа што ја претставува својата земја игрјаќи во националниот дрес, а издвои и еден интересен детал од тоа колку бил импресиониран од средбата со Роналдо.

Италија

Џанлуиџи Донарума признава дека се чувствувал многу срамежливо за да разговара со првата ѕвезда на Јувентус, Кристијано Роналдо, а додава дека е горд на фактот што ќе ја претставува својата земја во дуелот против Португалија во Лигата на нации, на кој нема да игра Роналдо.

Среќен сум и воедно благодарен на селекторот што добивам доверба од него. Исто така, премногу сум горд со тоа што ја претставувам мојата земја, да се игра во националниот дрес е сон на секое дете“ рече Донарума.

Голманот на Милан признава дека средбата со Роналдо на дербито во Серија А кое неговиот тим пред своја публика го загуби, било возбудлива.

Беше доста возбудливо да се сретне Роналдо, бидејќи јас секогаш играм против него на моите игри на Плејстејшн, не зборував со него, бев едноставно премногу срамежлив за тоа да го сторам“ рече Донарума.