24фудбал

Симеоне ќе заработува повеќе и од Гризман?

Диего Симеоне е близу потпишување на нов договор со Атлетико Мадрид, јавуваат медиумите во Шпанија, а актуелниот важечки договор на аргентинскиот стратег истекува во 2020. година.

Англија

Radio Marca известува дека Диего Симеоне е близу до прифање на понудените услови од шпанскиот прволигаш кој сака да го направи најскапо платен индивидуалец во целиот клуб.

Според најавите, Аргентинецот би заработувал повеќе и од првата ѕвезда на тимот, Антоан Гризман, кој има годишна плата од 17,5 милиони фунти со договорот кој го обврзува на верност со клубот до 2023. година, а го потпиша ланското лето.

Атлетико забележа низа успеси под кормилото на 48 годишниот Симеоне, освојувајќи ја Примера во 2014. година, како и двете титули во Европа Лига, моментално, тимот на Аргентинецот се наоѓа на третото место на табелата во Примера, со бод заостанување зад Барселона.