24фудбал

Возбудливи 45 минути со пет гола и драматичен крај, Хрватска во 93. минута ја совлада Шпанија! (ВИДЕО)

Хрватска и Шпанија одиграа возбудлив меч на „Максимир“, гостите во два наврати се враќаа од негатива, но на крајот Једвај во 93. минута донесе голема радост за домаќините

Останато

„Ватрените“ се радуваат на првата победа во Лига на нации, вечерва во Загреб во драматичен меч триумфираа со 3-2 над Шпанија.

Откако на полувреме се замина со 0-0, вторите 45 минути беа прилично возбудливи. Крамариќ го отвори резултатот во 1-0 и донесе водство за Хрватска, но Себаљос само 120 секунди подоцна изедначи на 1-1.

Једвај во 69. минута ги врати домаќините во предност, но Рамос од пенал во 78. минута донесе 2-2 за Шпанија. Сепак, последниот збор го имаше Хрватска, Једвај во 93. минута се најде на право место и донесе голема радост и победа од 3-2.

Со овој триумф, Хрватска сега има шанси и за прво место во групата, доколку ја совлада Англија на „Вембли“ во недела. Во случај на пораз, „Ватрените“ ќе се преселат во ранг подолу.

На вториот денешен натпревар од Лига А, Белгија рутински со 2-0 го доби Исланд во меч кој немаше резултатско значење бидејќи во оваа група се ќе се решава на средбата помеѓу Швајцарија и Белгија

Лига А

Белгија - Исланд 2:0

Хрватска - Шпанија 3:2

Лига Б

Австрија - БиХ 0:0

Лига Ц

Грција - Финска 1:0

Унгарија - Естонија 2:0

Лига Д

Казакстан - Летонија 1:1

Андора - Грузија 1:1

Луксембург - Белорусија 0:2

Сан Марино - Молдавија 0:1