24фудбал

Руни го одигра последниот меч за Англија, Гузан не му дозволи да се отпише со гол (ВИДЕО)

Англија триумфираше над САД со 3-0 на Вембли во меч кој беше последен за Вејн Руни во дресот на „Трите лава“, напаѓачот имаше шанса да се отпише со гол, но Бред Гузан не му дозволи.

Останато

Напаѓачот во 2017 и кажа збогум на репрезентацијата но доби прилика за последен пат да го облече дресот на „Трите лава“. На пријателскиот меч со САД, Вејн Руни го забележа настапот број 120 за Англија.

Вечерва на Вембли, селекторот Саутгејт му даде над половина час игра да се збогува со фановите. Тој истрча на теренот со бројот 10, кој го носеше долги години а ја доби и капитенската лента.

Во судиското надополнување, Вејн Руни имаше шанса да се отпише со гол, но неговиот удар беше одбранет од Бред Гузан.

Што се однесува до мечот, Англија без многу проблеми славеше со 3-0. Резултатот го отвори Лингард со прекрасен гол, фудбалерот на Мначестер јунајтед од работ на шеснесетникот пласираше во аголот за 1-0 во 26. минута од мечот. Само 60 секунди подоцна, Александер Арнолд погоди за 2-0.

Во 77. минута беше поставен конечниот резултат, Вилсон на своето деби за „Трите лава“ реализираше за 3-0.