24фудбал

Рајола на важни преговори во Милан

Најпознатиот агент, Мино Рајола денеска треба да биде во Милано каде ќе има дискусија со раководството на „росонерите“ околу евентуалното враќање на Ибрахимовиќ.

Италија

Според „Калчомеркато“, примарното доаѓање на Рајола во Милано е да му даде поддршка на Џакомо Бонавентура кој ќе има операција на коленото што ќе го одалечи пет месеци од теренот.

Но, овој медиум верува дека агентот ќе ја искористи можноста да преговара со Милан за евентуалното враќање на Ибрахимовиќ за кое веќе некое време се зборува.

По промената на раководството, Рајола повторно е во добар однос со Милан, недоразбирањата кои ги имаше со клубот како агент на Донарума се минато.