24фудбал

Енрике: Не е фер, првиот гол им беше по грешка, вториот од слободен, последниот на среќа

Шпанскиот селектор изрази голема разочараност по поразот во Загреб од светскиот вицепрвак кој делуваше доста мотивирано пред 30 илјадната публика на Максимир, во самиот финиш домаќинот дојде до победа.

Шпанија

Синоќа имавме можност да проследиме една доста возбудлива пресметка на Максимир во Загреб помеѓу Хрватска и Шпанија, домаќинот со гол во 93. минута го доби мечот со 3-2, а со тоа најави и супер интересен меч на Вемли во Лондон, каде во последното коло од групата „4“ од Лига „А“ во Лигата на нации, Англија пред своја публика ќе ги пречека Коцкестите.

Шпанскиот селектор Луис Енрике изрази голема разочараност по поразот на неговата екипа, велејќи дека фудбалот не е фер за неговите избраници.

Се играше фантастично второ полувреме од обете селекции, мојот тим заслужи многу повеќе, дефинитивно не пораз. Нивниот прв гол беше постигнат по грешка на нашиот тим, вториот од слободен удар, а последниот беше среќен“ рече Енрике по мечот.

Ова докажува дека имавме навистина тешка група, не очекувавме два порази, но, се уште имаме шанси за првото место, доколку Хрватска и Англија ремизираат, Шпанија ќе ја освои целта. Едноставно среќата не не посакуваше, мислам дека фудбалот не беше фер кон нас на овој натпревар“ заклучи Енрике.

Според моменталната ситуација на табелата, Шпанија со меч повеќе е прва со 6 бода, по неа следат Англија и Хрватска со по 4 бода, последниот меч, токму помеѓу двете претходно наведени репрезентации ќе одлучи многу во оваа конкуренција.