24фудбал

Валенсија ја откри причината зошто е изоставен од Мурињо

Жозе Мурињо има причина зошто веќе неколку седмици не смета на Колумбиецот, а самиот дефанзивец има своја верзија на тоа зошто е изоставен од португалскиот стратег.

Англија

Дефанзивецот на Манчестер јунајтед, Антонио Валенсија вели дека е изоставен во изминатиов период од стартните 11 на Премиерлигашот под кормилото на Жозе Мурињо, а тврди дека тоа се должи на тактичките варијанти кои ги применува неговиот тренер.

Изминатиов период немам минутажа, но, сето тоа се должи на тактичките одлуки на тренерот за натпреварите вели 33 годишниот Колумбиецо кој сезонава има само четири настапи во новата сезона од Премиерлигата.

Фудбалерот кој го зазеде моето место (Ешли Јанг) игра одлично, морам да го почитувам тоа“ додаде Колумбиецот.

Единственото нешто за што треба да го сторам е да бидам подготвен во моментот кога ќе му бидам потребен на Мурињо, да бидам во одлична физичка кондиција за да се борам за своето место во тимот, во моментов сум смирен, знам дека ќе добијам шанса да играм повторно“ потенцираше дефанзивецот.