24фудбал

Агентот на Хисај испрати јасна порака до Челси: Тој не вреди 50 милиони...

Албанскиот бек би можел повторно да соработува со Маурицио Сари, со кого имаше одлична соработка во Наполи, тоа би можело да се случи и во Челси, каде моментално Сари е шеф на стручниот штаб на Премиерлигашот.

Англија

Агентот на Елсеид Хисај пријави сомневање околу тоа дека неговиот фудбалер ќе ја продолжи соработката со Наполи и ќе стави потпис на нов договор, тој тврди дека Челси веќе има заинтересираност за десниот бек.

Челси тргнува по Хисај? Доколку погледнете дека Наполи игра со Малкуит, а воедно и разгледуваат повеќе фудбалери, тоа значи дека постои интерес“ рече Марио Гифреди, агентот на Албанецот.

Тие кои го велат спротивното, едноставно не се информирани. Хисај е фудбалер кој може одлично да се адаптира на англискиот фудбал, тој физички е одлично подготвен и постојано е следен од големи клубови“ одговори тој на коментарите дека Хисај не би можел да се адаптира во Премиерлигата а воедно и испрати јасна порака до Челси во однос на цената на фудбалерот.

Дали тој вреди 50 милиони евра? Според мене, неговата вредност на трансфер пазарот е 60 милиони евра“ заклучи Гифреди.