24фудбал

У21: Во меч со три црвени, надежите со минимален пораз од Србија

На контролката во Подгорица против Србија веројатно резултатот остана во втор план ако се земе во предвид колку исклучувања имаше на истата во која предвреме во соблекувалната беа испратени тројца.

Македонија

Младата македонска фудбалска репрезентација за играчи до 21 година веќе ја одигра првата контролка во Подгорица каде ги одмери силите со Србија, загуби минимално со 1-0, а по првите 45 минути игра мрежите мируваа.

Стрелец на единствениот гол за победничкиот табор беше Терзиќ кој во 58. минута им нанесе пораз на избраниците на Добринко Илиевски, а на контролката беа доделени неверојатни три црвени картони.

Во нашиот табор исклучени беа Руфати и Трајановски, а кај противникот предвреме во соблекувалната беше испратен Бирманчевиќ.

Илиевски се реши мечот да го почне во следниот состав: Божиновски, Јованов, Трајановски, Руфати, Ристовски, Атанасов, Здравковски,  Трапановски, Митровски и Тодороски.

Следната контролка, овој пат со домаќинот Црна Гора, е предвидена да се одигра во понеделник.


Фото-вест: ФФМ (архива)