24фудбал

Асенсио сака повторно да игра во друштво на Роналдо?

Шпекулациите велат дека 22 годишниот офанзивец сака да си замине од европскиот првак, а Јувентус се споменува како негова идна дестинација каде тој посакува повторно да му биде соиграч на Роналдо.

Шпанија

Според неофицијалните информации кои ги објави Тутоспорт, се вели дека фудбалерот на Реал Мадрид, Марко Асенсио, сака да ги следи стапките на Кристијано Роналдо и дресот на шпанскиот гигант да го замени со оној на Јувентус.

Италијанскиот медиум пишува дека Шпанецот бил воодушевен од стоечките овации кои Роналдо ги доби во Торино ланската сезона по спектакуларните ножички против Јувентус, неговиот сегашен клуб,

Исто така, се наведува дека неговиот поранешен соиграч од Реал Мадрид, Алваро Мората му пренел доста убави работи на Асенсио за Торино и Бјанконерите, а офанзивецот наводно верува дека Масимилијано Алегри би можел да му овозможи развој во неговата кариера.