24фудбал

Ново понижување за Германија, испадна од елитата откако Холандија ја совлада Франција (ВИДЕО)

Холандија со 2-0 го совлада светскиот шампион Франција во Лига А, резултат кој значи дека Германија ќе се пресели во ранг подолу и ќе игра во Лига Б во следниот циклус од Лига на нации.

Останато

Како раната елиминација од Светското првенство по срамниот пораз од Јужна Кореја да не беше доволна бламажа за „Панцерите“ оваа година, Германија сега доживеа ново понижување.

Холандија со 2-0 ја совлада Франција во Ротердам во вечерашното дерби од Лига на нации, резултат кој значи дека избраниците на Јоаким Лев испаднаа од елитата и во следниот циклус ќе играат во Лига Б.

„Лалињата“ важеа за аутсајдер во групата откако ги пропуштија последните две големи натпреварувања, но сега дури имаат и шанса за првото место доколку го добијат дуелот со Германија во понеделник.

Вијналдум во 44. минута погоди за 1-0, а победата беше потврдена длабоко во судиското надополнување кога Сисоко реагираше како аматер и направи пенал, а Депај мајсторски со „паненка“ од белата точка донесе 2-0 и голема радост.