24фудбал

Пандев нема да игра против Гибралтар, ќе почека за јубилејниот меч

Капитенот на македонската репрезентација, Горан Пандев заработи жолт картон на дуелот со Лихтенштајн поради кој нема да биде во комбинација за дуелот со Гибралтар а тоа значи и одложување на јубилејниот 100. натпревар.

Македонија

Пандев требаше да го одигра 100. меч за Македонија во понеделник против Гибралтар, но не смееше денеска да добие жолт картон.

Тоа се случи, Пандев пожолте на почетокот од второто полувреме и нема да биде во комбинација за дуелот со Гибралтар.

Следен натпревар за Горан Пандев би требало да биде во квалификациите кои почнуваат во март наредната година.